Чоколаден интегрален кекс

Состојки:

300 гр интегрално брашно

чоколадни парченца

150 г путер

ореви

150 г АГРАГОЛД Демерара кафеав шеќер

1 кесичка прашак за печиво

3 јајца

Подготовка:

Со миксер се матат путерот и шеќерот. Во смесата се додава брашното помешано со прашакот за печиво, јајцата и се убаво се мати со миксер. Во смесата се ставаат чоколадните парченца и ситно исецканите ореви по желба.

Од готовата смеса се одвојува со лажица и се става на намастена хартија за печење така да се формираат кружни облици. Се пече на температура од 180°Ц 10-15 минути.

*Совет: Пазете смесата да не ви биде премногу ретка. Обликуваните кекси можете да ги заледите и на тој начин да им го продолжите рокот на траење.