Некои велат дека шеќерот е шеќер.

Ние велиме шеќерот е АГРАГОЛД!

Повеќе од една деценија, во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и во дел од Западниот Балкан, АГРАГОЛД  е присутен на полиците на трговските синџири и е незаменлива состојка во кујните на домаќинствата.

За големите и мали домаќинства, за сите што сакаат да прават колачи, слатки, слатко, џемови или едноставно сакаат да ги засладат своите топли или ладни пијалаци, АГРАГОЛД  има идеален производ во својот асортиман на бел шеќер. Сите производи од марката АГРАГОЛД  се произведени според највисоките стандарди на технологијата во прехранбената индустрија. Нивниот квалитет се контролира во сите фази од процесот на производство, како и при снабдувањето со суровини.

Покрај белиот кристален шеќер, АГРАГОЛД  во својот асортиман има и шеќер во коцка, шеќер во прав и кафеав шеќер.

Животот е… како бајка

во која секоја страница носи нова слатка авантура.

АГРАГОЛД бел кристален шеќер

АГРАГОЛД белиот кристален шеќер е основниот производ од асортиманот на АГРАГОЛД и е омилена состојка на повеќето слатки јадења и пијалаци.

Белиот фин кристален шеќер АГРАГОЛД, во зависност од пазарот, е достапен во хартиено пакување од 1 кг, 5 кг и 25 кг, како и ОПП пакување од 1кг.

Белиот кристален шеќер АГРАГОЛД е со фина гранулација, поради што брзо и лесно се топи во подготовката на колачи и разни слатки.

Животот е… сладок како мелодија

и возбудлив како последниот такт.

АГРАГОЛД шеќер во коцка

АГРАГОЛД шеќерот во коцка, со своите совршено обликувани коцки, ги претвора сите моменти во слатко уживање.

Со современата технологија на производство, обезбедивме врвен квалитет на АГРАГОЛД шеќерот во коцка, која е внимателно избрана за да ви го заслади  денот и секогаш да изгледа елегантно во модерно и практично пакување од 1 кг.

Подобрете го вкусот на вашиот омилен пијалок со додавање на вистинското ниво на слаткост!

Животот е… како бонбонијера

исполнета со слатки изненадувања.

АГРАГОЛД Демерара кафеав шеќер

АГРАГОЛД Демерара кафеавиот шеќер зазема посебно место меѓу АГРАГОЛД специјалитетите и внесува егзотичност во вашиот дом.

АГРАГОЛД Демерара кафеавиот шеќер е природен, нерафиниран шеќер од шеќерна трска, наменет за секојдневна консумација и подготовка на храна и пијалоци со ореви, мед, лешници, чоколадо, како и со суво овошје. Тој е одлична алтернатива за белиот шеќер. Со својата природна арома му дава егзотичен вкус на вашето јадење.

*Совет: АГРАГОЛД Демерара кафеавиот шеќер е природен производ и во одредени временски услови може да дојде до стврднување, што не влијае на квалитетот на производот! Истурете го шеќерот во сад, покријте го со влажна крпа, оставете го така да стои преку ноќ и шеќерот ќе ја врати влажноста и повторно ќе стане растресит.

Животот е… како чоколадо

некогаш горчлив, некогаш сладок.

АГРАГОЛД шеќер во прав

АГРАГОЛД шеќерот во прав со својата мека структура, многу слатки моменти ги прави уште послатки.

АГРАГОЛД шеќерот во прав е кристален шеќер сомелен во најфин прав! Ситно мелените кристали на шеќерот лесно се топат и одлично се мешаат со теста, креми, глазури и други состојки при правењето на различни слатки. Идеален е за посипување на готови торти и колачи.

*Совет: АГРАГОЛД шеќерот во прав е 100% природен шеќер без никакви адитиви или додатоци, така што може да се случи, за време на подолготрајно и несоодветно складирање, да дојде до згрутчување. Затоа АГРАГОЛД ви советува, по отворањето на вреќичката, шеќерот да го чувате на суво место и во затворен сад, за да се избегне контакт со влага и на тој начин да се спречи можното згрутчување.

Некои велат дека шеќерот е шеќер.

Ние велиме шеќерот е АГРАГОЛД!