Добредојдовте во слаткиот свет

на шеќерот АГРАГОЛД!

Шеќерот во минатото носел назив бело злато! Сега се нарекува АГРАГОЛД. Сосема оправдано, бидејќи е тука за да ви помогне да ги направите најдобрите торти и колачи, да им даде арома на омилените топли и ладни пијалоци, да ги конзервира највредните и внимателно одбрани состојки на мармаладите и џемовите!

АГРАГОЛД шеќерот е добредојден гостин на сите роденденски забави, на помали или поголеми собири и секогаш го збогатува вашето дружење со најмилите! Тој е основна состојка на секоја вистинска кујна, тука е да ги развесели и гурманите што многу бараат. Со своето присуство го прави вашиот живот едноставно посладок!

На овие страници ќе се запознаете со производите на АГРАГОЛД шеќерот, ќе најдете мноштво забавни содржини и рецепти и едноставно ќе го засладите животот.

2 (1)
1
3c---MAK (1)

Квалитет

Производство

Дистрибуција

Квалитетот на нашиот АГРАГОЛД шеќер е бескомпромисен, а заштитата на нашите потрошувачи е наша примарна обврска.

Производството во сите фабрики во нашиот систем е со најсовремена технологија и во согласност со највисоките стандарди за управување и  квалитет ИСО 9001:2008, ХАЦЦП и ИФС (ИФС-Интернатионал Фоод Стандард), кои потврдуваат дека АГРАГОЛД шеќерот е квалитетен и здравствено сигурен производ.

Шеќерот од марката АГРАГОЛД е дел од традицијата и квалитетот на производството што доаѓа од АГРАНA-СТУДЕН групата, меѓународна корпорација со седиште во Виена.

Со својот АГРАГОЛД шеќер, го  снабдуваме пазарот на Европската унија (Словенија и Хрватска) и земјите од Западен Балкан од фабриките во Австрија, Унгарија и од рафинеријата за шеќер на СТУДЕН- АГРАНA во Брчко, Босна и Херцеговина.

Сиот шеќер што се произведува и пакува под марката АГРАГОЛД, е предмет на најважните стандарди за производство и квалитет.

АГРАНА Цукер ГмбХ (АГРАНА Зуцкер ГмбХ) со своите фабрики во Тулн и Леполдсдорф во близина на Виена е единствен производител на шеќер во Австрија. Заедничкиот капацитет на австриските фабрики за производство на шеќер од шеќерна репка е 400.000 тони шеќер годишно.

Маѓар Цукор Зрт. (Магyар Цукор Зрт.) работи како фирма ќерка на компанијата АГРАНА група во Унгарија. Со своето производство во Капошвар и центарот за пакување во Петохаза, претставува главен производител на шеќер во Унгарија и е еден од главните добавувачи на АГРАГОЛД шеќер на пазарот на ЕУ.

СТУДЕН-АГРАНА рафинеријата за шеќер д.о.о. Брчко, е формирана со заедничко вложување на Студен & КО Холдинг и АГРАНА групата и е единствената рафинерија за шеќер во Босна и Херцеговина. Производствениот капацитет на рафинеријата е повеќе од 150.000 тони кристален бел шеќер, кој како суровина користи суров шеќер од светскиот пазар.

Дистрибуцијата на АГРАГОЛД шеќерот, ја вршиме преку сопствени АГРАГОЛД дистрибуциски фирми и партнерски компании.

Дистрибуцијата на АГРАГОЛД шеќерот се врши во согласност со поставените стандарди за управување со синџир на дистрибуција што обезбедува прегледност, контрола и следење на АГРАГОЛД производите во севкупниот синџир на дистрибуција, со што обезбедуваме дополнителна заштита на потрошувачите.

За прашања во врска со дистрибуцијата на шеќерот АГРАГОЛД на вашиот пазар контактирајте не овде.