Компанијата АГРАГОЛД

со седиште во Скопје, веќе 15 години успешно работи на пазарот во Република Северна Македонија.

АГРАГОЛД е сигурен партнер со кој можете да ги координирате дистрибутивните решенија, да ја испланирате Вашата залиха и да добивате навремени информации поврзани со производот.

АГРАГОЛД се грижи за покривање на пазарот со нашите производи, директна соработка со клиентите, достапност на производите кои ги имаме во нашиот асортиман, без разлика дали се работи за шеќер или масло за јадење, наши брендови од бизнис групацијата или приватните брендови на клиентите.