Карамел бомбони со боровинки и бело чоколадо

Состојки:

1 пакување млеко во прав

70 г ореви

100 г путер

70 г суви боровинки

200 г АГРАГОЛД Демерара кафеав шеќер

малку црвена боја за колачи

200 г бело чоколадо

Подготовка:

Во тенџере ставете ги млекото во прав, шеќерот и путерот и варете на тивок оган сé додека не се стопат шеќерот и путерот. Засилете го огнот и мешајте без престанок 15-тина минути додека не се згусне смесата и  не се добие боја на карамела. Тргнете од оганот, додајте чоколадни коцкички и малку боја за колачиња и мешајте додека да се стопи чоколадото. На крај, додајте ги печените ореви и грубо исецканите боровинки, па повторно промешајте.

Добиениот карамел излејте го во сад (20 x 20 цм) обложен со хартија за печење. Кога ќе се излади, исечете го на коцки и карамел бомбоните се подготвени за послужување.