Чоколадни пралини

Состојки:

200 мл слатка павлака

100 г АГРАГОЛД шеќер во прав

50 г какао прав

200 г чоколада за готвење

2 жолчки

чоколадни трошки

120 г путер

Подготовка:

Слатката павлака се загрева додека да проврие, се додава какаото во прав и добро се промешува. Во врелата смеса се додаваат жолчките, па се тргаат од оган и се меша сé додека не се олади.

Одвоено се мати путерот со шеќерот сé додека не се добие фина смеса, па во неа се додава чоколадата растопена на пареа и оладената смеса со павлаката, какаото и жолчките. Сé добро промешајте и ставете ја смесата во фрижидер добро да се олади.

Од оладената смеса одвојувајте со лажичка и обликувајте топчиња. Обликуваните пралини тркалајте ги во чоколадни трошки и послужете ги во украсни хартиени корпички.

*Совет: Пралините, до послужувањето, чувајте ги во фрижидер.